Јунајтед без капитенот: Бруно го одби Ал Хилал, но сега ситуацијата е поразлична

Манчестер Јунајтед се соочува со нов сериозен предизвик да го задржи Бруно Фернандеш во тимот откако португалскиот ас доби одлична понуда од тимот на Ал Наср.

Добро познато е дека Португалецот пред повеќе од еден месец одби пребогата понуда од Ал Хилал потврдувајќи ја лојалноста кон „црвените ѓаволи“, но сега ситуацијата е поинаква бидејќи во трката се вклучи Ал Наср, со самото тоа и неговиот добар пријател Кристијано Роналдо.

На Кристијано очигледно му здодеа да останува без трофеи во Саудиска Арабија, па реши самиот да ги бира засилувањата на тимот. Португалските медиуми информираат дека токму Роналдо ја покренал иницијативата кај управата, која подготвила мегапонуда за Фернандеш. Португалецот потоа го контактирал и својот репрезентативен колега почнувајќи да го убедува да му се приклучи во Саудиска Арабија, Бруно моментно молчи без конкретен одговор, но извори блиски до капитенот на Јунајтед тврдат дека тој е позагреан за овој трансфер отколку што тоа беше случај кога Ал Хилал му нудеше богатство за да се пресели во Ријад.

Ставот на Јунајтед е ист, англискиот гигант не сака да остане без својот клучен играч, но доколку Бруно реши да си замине неговата желба ќе биде испочитувана и капитенот ќе добие зелено светло за заминување од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...