Јунајтед без проблеми против Њукасл (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед им се врати на победите во англиската Премиер-лига откако во 25. коло славеше на домашен терен со 3-1 против Њукасл. Предност за домаќините донесе Маркус Рашфорд во 30. минута. Шест минути подоцна Њукасл израмни преку Сент Максимин кој постигна прекрасен погодок.

Џејмс во 57. и Бруно Фернандеш во 75. од пенал донесоа триумф за „црвените-ѓаволи“. Јунајтед се врати на втората позиција на табелата со 49 бода, односно десет помалку од градскиот ривал Сити, додека Њукасл останува 17. со 25 бода.

 

 

 

Се вчитува...