Јунајтед го елиминира Ридинг, падна ВАР-одлука во ФА купот

Манчестер Јунајтед се пласира во 1/16-финалето од ФА купот на Англија, откако го совлада Ридинг со 2-0 на „Олд Трафорд“. Првиот погодок беше дело на Хуан Мата од пенал, а му претходеше одлука со ВАР-технологијата, кога шпанскиот интернационалец беше соборен во шеснаесетникот. Во ФА Купот оваа сезона за првпат се тестира ВАР – технологијата, која потоа треба да биде воведена и на натпреварите од Премиер – лигата.

Вториот гол за „црвените ѓаволи“ го постигна Ромелу Лукаку во 45.минута од мечот.

Вест хем со 2-0 го совлада Бирмингем, со головите на Марко Арнаутовиќ и на Енди Керол, а Барнли со гол од пенал на Крис Вуд во судиското продолжение оствари триумф од 1-0 елиминирајќи го Барнсли.

Се вчитува...