Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс смета дека младата ѕвезда на Ред Бул Лајпциг, Дајот Упамекано е идеалното решение за клубот.
„Дајот Упамекано е фудбалерот кој му е потребен на Оле Гунар Солскјер да стигне до титулата во Премиер-лигата. Јунајтед како знае и умее мора да го доведе на „Олд Трафорд“, изјави Сколс.
Упамекано од 2017 година е дел од бундеслигашот, за кој досега запиша 87 настапи на кои постигна три гола. Годинава го запиша и првиот меч за француската фудбалска репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА