Јунајтед конечно пронајде напаѓач, замената на Роналдо доаѓа од Еспањол!?

Не е лесно за навивачите на Манчестер Јунајтед овие денови и месеци. Освен што по два одиграни натпревари се наоѓа на последното место на табелата во Премиер лигата, многу навивачи на „црвените-ѓаволи“ веруваат дека клубот „ги загубил конците“ кога се дознало дека сака да ги доведе Марко Арнаутовиќ и Адриен Рабио.

Како што откри шпанското радио „Копе“, Манчестер Јунајтед почнал преговори со Еспањол и 27-годишниот шпански напаѓач, Раул де Томас.

Де Томас наводно е една од опциите на Јунајтед за нов напаѓач, бидејќи „црвените ѓаволи“ очајнички се обидуваат да се засилат пред крајот на преодниот рок. Доколку работите се развијат добро, шпанските медиуми тврдат дека Јунајтед за него би можел да плати од 25.000.000 до 30.000.000 евра.

Де Томас израсна во помладите категории на Реал Мадрид, а играше за Кордоба, Ваљадолид, Рахо Валјекано, додека во Бенфика во сезоната 2019/20 воопшто не се снајде. Во Еспањол пристигна пред две години, а првата од двете полни сезони ја одигра во шпанска Сегунда!

Се вчитува...