Јунајтед му нуди двојно поголема плата на Рашфорд за да остане во клубот

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака да го задржи репрезентативецот на Англија, Маркус Рашфорд, уште долго на “Олд Трафорд” и отпочна преговори за продолжување на соработката. Раководството му нуди двојно поголема плата на крилниот напаѓач за да стави потпис на нов договор со клубот.

Рашфорд во моментот заработува 75.000 фунти седмично и има договор до јуни 2020 година. Доколку се сложи на нова четиригодишна соработка, тој ќе има 150.000 фунти неделно.

Интерес за Рашфорд покажуваат Реал Мадрид и Јувентус, но Манчестер Јунајтед сигурно нема да дозволи лесно да го загуби англискиот репрезентативец.

Се вчитува...