Јунајтед на „колена“, Манчестер сити е нов шампион на Англија!

Манчестер сити е официјално нов шампион на Англија, откако нивните градски ривали во 33. коло од Премиер лигата доживеаја пораз од 0-1 на домашен терен од ВБА.

Стрелец на единствениот гол на мечот беше Родригез во 73. минута од средбата, погодок кој овозможи „граѓаните“ на пет кола до крајот да бидат крунисани како нови шампиони во Премиер лигата.

Манчестер сити на пет кола пред финишот има 87 бода, 17 повеќе од Јунајтед кој е на втората позиција со 71 бод.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...