Јунајтед непоразен си оди од Русија, победи за Андерлехт и за ФК Копенхаген

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед остана непоразен во Русија, играјќи 1-1 на гости против Ростов, во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа. Тимот на Жозе Мурињо пред своите гледачи ќе треба да ја дозаврши задачата за пласман меѓу осумте најдобри екипи во ова натпреварување.

Ерменскиот интернационалец Хенрик Мхитаријан, на асистенција на Ибрахимовиќ, го доведе Манчестер јунајтед во водство во 35.минута. Но, Ростов успеа да израмни во 53.минута, со погодокот на Александар Букаров.

All Goals & Highlights HD – FK Rostov 1-1… by arcturusmedia33

ФК Копенхаген обезбеди предност против Ајакс од 2-1. Домашниот тим поведе уште во првата минута со голот на Факл, а Долберг израмни до крајот на првиот дел. Сепак, Корнелиус донесе триумф за данскиот претставник по првите 90 минути од овој дуел.

Андерлехт на гости славеше против кипарскиот АПОЕЛ со 0-1, а стрелец на победничкиот погодок беше Станчиу во 29.минута од натпреварот.

Се вчитува...