Јунајтед нуди 40 милиони евра за Серхио Роберто

Барселона по Нејмар ќе загуби уште еден првотимец од ланската сезона, откако Манчестер јунајтед тргна во офанзива по Серхио Роберто. Талентираниот играч за врска беше жртвуван од страна на Луис Енрике играјќи ја целата ланска сезона како десен бек, а во досегашниот дел од подготовките не беше најстандарден ниту кај новиот тренер Ернесто Валверде.

Во таква ситуација Роберто сериозно размислува за заминување, а Јунајтед планира да го искористи тоа и да го доведе шпанскиот фудбалер на „Олд трафорд“. Весникот „Мирор“ јавува дека веќе е испратена и понуда од 40 милиони евра, колку што изнесува клаузулата за раскин на неговиот договор со каталонскиот гигант.

Претходно интерес за овој фудбалер искажа и Челси, па останува да се види дали Антонио Конте ќе реши да ја израмни понудата и ќе се обиде да го убеди Роберто да му се приклучи во лондонскиот клуб, каде би имал уште неколку шпански фудбалери за соиграчи.

Се вчитува...