Јунајтед поразен од Кадиз во пријателски натпревар (ВИДЕО)

Додека се уште трае Светското првенство во Катар, дел од најсилните клубови во Европа веќе почнаа со контролните натпревари пред продолжувањето на сезоната во своите лиги.

Англискиот гигант со комбиниран тим одигра пријателски меч против шпанскиот Кадиз кој го загуби со 4-2. Шпанците одлично го отворија натпреварот и брзо стигнаа до предност од 2-0 со головите на Гарсија во 8. минута и Лозано шест минути подоцна. „Црвените ѓаволи“ до крајот на првиот дел намалија на 2-1 со погодокот на Марсијал од пенал во 21. минута.

Во вториот дел Јунајтед израмни на 2-2 преку младиот Маино во 48. минута. Сепак, шпанскиот клуб со двата погодоци на Собрино во 57. и Аларкон во 77. минута стигнаа до триумф од 4-2.

Пријателски натпревар вечерва одиграа и Севилја и Монако, а мечот заврши без победник 1-1.

 

 

 

Се вчитува...