Јунајтед се поблиску до потписот на Шешко

Словенечкиот фудбалер Бенјамин Шешко би можел да направи трансфер на кариерата. Како што објавија некои медиуми, Шешко е на прагот да се пресели во англиската Премиерлига.

Иако со месеци се шпекулираше за Арсенал, Швеѓанецот Виктор Ѓокерес конечно пристигна на „Емирати“.

Потоа се појавија гласини дека Словенецот треба да биде замена за Александар Исак во Њукасл, во случај Швеѓанецот да се пресели во Ливерпул.

Сепак, се чини дека Шешко ќе заврши во редовите на еден од великаните. Германските медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед е во пол-позиција во трката за Шешко.

Имено, челниците на Јунајтед решиле да ја искористат „статус кво“ состојбата во која се наоѓа трансферот на Шешко во Њукасл, па затоа одржале состанок со Словенецот кој поминал одлично. Во својата кариера, Шешко постигна 100 гола со 26 асистенции во 224 натпревари, а пред Лајпциг играше во Австрија за Салцбург и Лиферинг.

Се вчитува...