Јунајтед цел месец без Де Хеа

Давид де Хеа ќе пропушти најмалку шест натпревари на Манчестер Јунајтед откако беше обелоденето дека шпанскиот голман бил принуден да се врати во татковината. Тој не се појави на голот на „црвените ѓаволи“ на синоќешниот дуел со Кристал Палас, а Оле Гунар Солскјер по мечот обелодени дека самиот му дал дозвола на Де Хеа да севрати во Шпанија поради приватни причини.

Се очекува Шпанецот да остане две седмици во Мадрид, но по враќањето назад во Англија тој ќе мора да остане во изолација во својот дом во Манчестер. Камбекот на Де Хеа се очекува по репрезентативната пауза на почетокот од месец април, а во меѓувреме шанса ќе добие Хендерсон.

Англискиот репрезентативец имаше клучна одбрана со која спречи пораз во самиот финиш од синоќешниот меч со Кристал Палас, па Хендерсон сега ќе се обиде да се докаже и на подолг период, да се наметне и за првотимски статус за наредната натпреварувачка сезона.

Се вчитува...