Манчестер Јунајтед и Роналдо повторно потфрлија и се посрамотија, а овој пат против Вотфорд одиграа само реми на „Олд Трафорд“ во рамки на 27. коло од англиската Премиер-лига.
Роналдо и „компанија“ во целост ја имаа доминацијата во првото полувреме. Португалецот погоди статива, а потоа му беше и поништен гол, се редеа шанси, но без реализација. На пауза се замина со почетниот резултат од 0-0.
Второто полувреме не беше ништо поразлично во однос на првиот дел, „црвените ѓаволи“ фуриозно го нападнаа аутсајдерост, но повторно затаи реализацијата. Тренерот на Јунајтед, Рангник во последните 20 минути се одлучи да игра со целиот свој напаѓачки арсенал, но и таквиот потег се покаѓа како недоволен за победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА