Јунајтед влегува во „невозможна мисија“ – сака клучен играч на Реал Мадрид

Манчестер Јунајтед никако да ангажира играч од средниот ред. Сагата со Френки де Јонг се чини нема да заврши како што посакуваат од „Олд Трафорд“. Истото се однесува и за Адриен Рабио кој не прифати да замине во англискиот тим.

Ерик Тен Хаг има намера добро да го засили средниот ред, а сега „Марка“ пишува дека Манчестер Јунајтед тргнува по играчот на Реал Мадрид, Касемиро. Од Манчестер се надеваат дека 100 милиони евра ќе бидат доволни да го убедат Реал да прифати да го пушти Бразилецот на „Олд Трафорд“.

Во Реал Мадрид веќе ги имаат Камавинга и Чуамени, па така од Јунајтед имаат надеж дека ќе успеат да ангажираат големо име за средината на теренот.

Касемиро е незаменлив во тимот на „кралевите“ од 2015 година, кога дојде на местото на Чави Алонсо, освои четири трофеи во Лига на шампиони.

Се вчитува...