Јунакот на Реал: Татко ми дојде со дресови на Реал и Барса и ми кажа – бирај…

Еден од јунаците на Реал Мадрид во фантастичната сезона во Лигата на Шампионите беше Родриго кој со два гола во ренваш средбата против Манечстер Сити во полуфиналето го започна епскиот камбек кој го доврши Карим Бензема.

Дваесетиедногодишникот пред три години го засили „кралскиот клуб“ за 45 милиони евра што наиде на критики во шпанската јавност, но интересно сега младиот играч откри дека во игра за потпис била и Барселона.

„Имав натпревар и кога се вратив дома ме пречека татко ми. Тој држеше дрес на Реал Мадрид во едната и Барселона во другата рака и само ми кажа „сега ти бираш“. Јас го одбрав Реал Мадрид“, откри Бразилецот.

Се вчитува...