Јуре Здовц е нов тренер на Цедевита

Јуре Здовц е тренерот што ќе ја предводи Цедевита во новата сезона, во обид да ја симне Црвена звезда од тронот на АБА-лигата. Раководството на Цедевита по освоената титула во домашното првенство ја прекина соработката со досегашниот тренер Вељко Мршиќ, по што челниците на клубот од Загреб разговараа со неколку квалитетни стратези, за на крајот изборот да падне врз Здовц.

Двете страни се договориле за двогодишна соработка, а договорот се очекува да биде официјално потпишан во следните 48 часа.

Поранешниот репрезентативец на Југославија, потоа и на Словенија, доаѓа во Цедевита од клупата на грчки АЕК, каде не ги оправда очекувањата на управата на клубот. Тој во својата тренерска кариера ги водеше и турскиот прволигаш Газиантеп, словенечкиот гигант Унион Олимпија, рускиот прволигаш Спартак Санкт Петербург, а воедно и ја водеше националната селекција на Словенија на Евробаскет 2009.

Се вчитува...