Јури Џоркаеф во раководството на ПСЖ?

Актуелниот француски првак Пари Сен Жермен размислува за засилувања и во кадровскиот дел во пресрет на следната сезона. Доколку „светците“ не успеат да ја одбранат шампионската титула во Франција, а имаат голема конкуренција во Монако и во Ница, тогаш најверојатно Патрик Клајверт ќе ја напушти функцијата спортски директор. Претседателот на клубот, Насер  Ал – Келаифи, веќе има одлучено да му достави покана на поранешниот истакнат фудбалер на овој клуб, Јури Џоркаеф, да се приклучи во раководната гарнитура на ПСЖ.

Џоркаеф се уште нема дадено дефинитивен одговор дали ќе се приклучи во работата на Пари Сен Жермен, но познавајќи дека беше од голема помош на федерацијата во организацијата на изминатото Европско првенство во Франција, тој би бил од голема помош за клубот од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...