Јусуфи и Тафа нови фудбалери на Ренова

Прволигашот Ренова се засили со Фатјон Јусуфи и Арбен Тафа пресрет пролетниот дел од домашниот шампионат. Јусуфи во тимот од Џепчиште доаѓа од редовите на Шкупи каде го помина есенскиот дел од шампионатот. Покрај во Шкупи левото крило во кариерата настапуваше и за ерменскиот Ширак и албанскиот Партизани, додека кариерата ја почна токму во Ренова.

Арбен Тафа во Ренова доаѓа од Беласица, а претходно настапуваше и за Струга Трим и Лум, Велазерими и Хоризонт Турново.

Се вчитува...