Јута конечно загуби, „магична“ партија на Јокиќ и Мареј (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ја прекинаа серијата од десет победа на Јута Џез, откако во дербито на вечерта го совладаа тимот од Солт Лејк Сити со 116-112. Кавај Ленард со 29 и Лу Вилјамс со 19 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај проазените Донован Мичел уфрли 35 поени.

Никола Јокиќ продолжува со маестралните партии во НБА лигата. Тој во победата на неговиот Денвер над Кливленд Кавалирс од 103-120 забележа нов трипл-дабл постигнувајќи 16 поени, надополнети со 12 скока и 10 асистенции. Џамал Мареј исто така одигра неверојатен натпревар уфрлувајќи 50 поени.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда Орладо – Голден Стејт 124-120, Бостон – Атланта 121-109, Филаделфија – Чикаго 112-105, Мемфис – Детроит 109-95, Милвоки – Оклахома 98-85, Њу Орлеанс – Феникс 114-132 и Минесота – Торонто 81-86.

Се вчитува...