Директорот Паратичи најавува дека Кристијано Роналдо сигурно ќе остане во Јувентус и во следната сезона, но информациите од Апенинскиот полуостров говорат дека „црно-белите“ од Торино интензивно бараат купец за Португалецот, дополнително намалувајќи ја цената што ја бараат за својот најдобар фудбалер. Јуве пред неколку години плати 100 милиони евра за да го донсе Кристијано во своите редови, минатото лето се шпекулираше за негово заминување за 60 милиони евра, а според последните информации, цената на Португалецот е падната на скромни 25 милиони евра.
Италијанските медиуми тврдат дека финансиската криза во Јувентус е огромна, поради што „старата дама“ ќе мора да се ослободи од Роналдо. Тој ќе има само уште една година од актуелниот договор, но бруто-платата на Кристијано за 2021/2022 ќе изнесува огромни 80 милиони евра, сума што Јуве по секоја цена ќе се обиде да ја заштеди. Токму поради ова дополнително се намалува висината на отштетата што италијанскиот првак ќе ја бара за големиот ас, за да привлече што поголем интерес за негов трансфер уште пред почетокот на ЕВРО 2021.
Флорентино Перез сериозно ја разгледува опцијата да го врати Кристијано назад во Реал Мадрид, уште повеќе по намалената сума за трансфер. Во игра останува и ПСЖ, кој е во потрага по нов голгетер, а Роналдо би бил „план Б“ доколку пропадне опцијата за ангажман на Лео Меси од Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА