Јуве „дрма“ и натаму: Лесна „прошетка“ во Фиренца (ВИДЕО)

Јувентус и натаму продолжува со апсолутната доминација во Серија А, славејќи убедливо со 0-3 и на гостувањето против Фиорентина.

Победата на гостите ја најави уште Бентанкур во 31. минута од средбата…

Потоа, во вториот дел најпрво Кјелини во 69. минута зголеми на 0-2, а Кристијано Роналдо во 79. минута од пенал ги постави конечните 0-3…


Јувентус, по оваа победа, е на врвот со 40 бода од 14 натпревари, 11 повеќе од второпласираниот Наполи кој има и натпревар помалку.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...