Јуве го украде босанскиот бисер пред носот на Челси

Јувентус е на добар пат да осигура уште еден многу значаен потпис, откако „старата дама“ ги договори сите детали од трансферот на Керим Алајбеговиќ.

Младиот офанзивец блесна со одлични игри во дресот на БиХ на СП 2026, привлекувајќи го вниманието на бројни клубови ширум Европа. Се веруваше дека Челси е пред потпис на Алајбеговиќ, но преговорите се искомпликуваа откако „сините“ го доведоа Роџерс од Астон Вила, по што и самиот фудбалер почна да се сомнева во улогата што би ја имал кај Чаби Алонсо поради силната конкуренција во тимот.

Јувентус ја искористи ситуацијата и ги договори сите детали од овој трансфер. Како што информираат германските медиуми, Баер Леверкузен ја прифатил понудата на „старата дама“ во висина од 33 милиони евра, плус седум милиони евра поврзани со неколку клаузули, а „фармацевтите“ ќе имаат и 10% од следниот трансфер на овој фудбалер.

Алајбеговиќ во следните 24 часа ќе допатува во Италија, на лекарски прегледи и потпис на петгодишен договор, по што веднаш ќе се приклучи на тренинзите на Јувентус ставајќи се на располагање на тренерот Лучијано Спалети.

Се вчитува...