Јуве и Дибала имаат дил, Аргентинецот потпишува до 2025 година

Пауло Дибала и раководството на Јувентус се договорија за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми. Аргентинецот долго време се поврзуваше со заминување од Торино, но новиот тренер Андреа Пирло инсистира тој да остане и да потпише нов договор со „старата дама“. И не само тоа, туку да стане и вториот најплатен фудбалер во Серија А после Роналдо.

Јувентус и Дибала постигнале договор со кој Аргентинецот би се обврзал на верност до 2025 година. Според новиот „дил“, тој би заработувал 11 милиони евра по сезона, што е навистина големо зголемување, ако се знае дека има годишна плата од 7 милиони евра.

 

Се вчитува...