Јуве има проблем – како да се откачи од Игуаин

Доаѓањето на Кристијано Роналдо се покажа како вистински потег за Јувентус, но само по себе повлече и проблем – како да се реши статусот на Гонзало Игуаин и Аргентинецот конечно да биде продаден.

Заминувањето на позајмица во Милан се покажа как погрешен потег, во јануари тој си замина од „Сан Сиро“ и замина на нова позајмица, овојпат во Челси, но ситуацијата се искомпликува откако „сините“ добија забрана за трансфери од ФИФА, поради што нема да можат да го откупат договорот на Јуве со Игуаин за сума од 40 милиони евра, како што беше договорено во јануари.

Аргентинецот е втор најплатен фудбалер во таборот на „старата дама“ (зад Роналдо), а токму платата од девет милиони евра ќе биде главен проблем за клубовите кои се заинтересирани за Игуаин. Како можна опција се споменува Рома, доколку Сари летово седне на клупата на овој клуб, но за „дил“ ќе биде неопходно и фудбалерот да се согласи на намалување на платата и Јувентус да ја симне отштетата на околу 30 милиони евра.

Се вчитува...