Јуве има само 13 здрави фудбалери за Калјари

Јувентус влегува во пеколна серија на натпревари, а Масимилијано Алегри се соочува со сериозни главоболки околу тимот за утрешното гостување на Сардинија против Калјари. Стратегот на „старата дама“ има на располагање само 13 фудбалери што се стопроцентно подготвени за настап, откако Спинацола и Перин се приклучија на долгата листа на повредени играчи на актуелниот италијански првак.

Роналдо е дефинитивно „во аут“, исто како и Бразилецот Коста, кој би можел да се врати за првиот четвртфинален дуел од ЛШ против Ајакс. Дибала се уште има проблем со повредата на мускулот, додека Манџукиќ се мачи со грип. Ако на нив им се додадат и Кедира и Квадрадо, кои подолго време се повредени, јасно е дек Алегри ќе мора со „крпен тим“ да му се спротивстави на Калјари.

„Ситуацијата е непријатна, имаме 13 здрави фудбалери, тројца голмани и уште тројца од младинската школа. Што е тука е, ќе сториме се за да победиме. Поради ваквата ситуација сигурно нова шанса ќе добие Кеан, кој потврдува дека поседува невеојатен потенцијал“ – истакна Алегри на денешната прес-конференција.

Се вчитува...