Јуве ја загуби војната – скудетото останува на Интер

Јувентус има тотална доминација на италијанската фудбалска сцена во последните години, но „старата дама“ паралелно со битките на теренот водеше и правна војна за скудетото од 2006 година, што им беше одземено на „црно-белите“ поради скандалот Калчополи. Таа титула му беше препишана на Интер, Јуве жестоко реагираше и по правен пат се обиде да ја исправи работата,, но гигантот од Торино и дефинитивно ја загуби таа војна откако италијанскиот Врховен Суд ја отфрли последната жалба на „старата дама“.

Жалбите на Јуве се базираа на фактот дека во 2011 година се појавија нови докази кои јасно покажуваа дека и Интер е вмешан во големиот скандал на италијанскиот фудбал, па со самото тоа не може да го добие трофејот што беше одземен од иста причина на Јувентус. Сепак, воопшто не беше покренат судски процес бидејќи случајот бил застарен, а и покрај обидите на Јувентус на најразличен начин да му го земе скудетото на големиот ривал, со одлуката на Врховниот суд – дека судовите воопшто немаат надлежност над спортските пресуди, и дефинитивно се става крај на повеќегодишната правна војна.

“Навивачите на Јуве мораат да ја прифатат одлуката – тоа е наше скудето“ – порача поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати.

Се вчитува...