Јуве ќе го предизвика Интер во финалето на Копа Италија (ВИДЕО)

Јувентус ќе го предизвика Интер во финалето на Копа Италија, откако и вечерва славеше овојпат со 2-0 против Фиорентина во реваншот од полуфиналниот двомеч.

Водство за „старата дама“ во 32. минута донесе Бернардески, додека конечните 2-0 ги постави Данило во 94. минута. За потсетување првиот натпревар одигра во Фиренца, Јувентус го доби со 0-1.

Големото финале кое ќе се игра на „Олимпико“ во Рим е закажано за 11. мај.

 

 

Се вчитува...