Јуве нема да оди во САД за да избегне апсење на Роналдо?!

Јувентус прифаќа да биде дел од меѓународниот „Куп на Шампиони“ и следното лето, но само доколку италијанскиот првак сите свои натпревари ги игра во Азија наместо во САД. Ваквото барање на „старата дама“ се основа на стравувањата дека патување од другата страна на Атлантикот може да доведе до апсење на Кристијано Роналдо, против кого повторно беше отворен случај за силување на девојка во Лас Вегас.

Кристијано тврди дека е невин, случајот се уште е отворен, па „црно-белите“ стравуваат дека во случај на нивно доаѓање во САД обвинителите можат да инсистираат на апсење на нивниот фудбалер, што само по себе ќе значи ужасен публицитет и за Роналдо и за Јувентус.

Поради тоа, Јуве своите натпревари со врвни противници би ги играл во Кина и Сингапур, за ваквото барање веќе се известени организациите на „Купот на Шампионите“, кои се согласиле да ги организираат натпреварите на италијанскиот гигант надвор од САД.

Се вчитува...