Јуве сонува за мега-тандем: Меси да му се придружи на Роналдо во Торино

Лионел Меси е незадоволен во Барселона и сака да си замине од „Камп Ноу“. Оваа вест ги стави на готовс сите европски великани кои ја разгледуваат можноста да го приграбат Аргентинецот. Оваа зделка секако би била најголема во историјата на фудбалот, а италијанскиот првак Јувентус сонува да го направи досега невозможното, да ги спои во еден тим Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Изгледаше невозножно во 2018 година и Роналдо да дојде во Торино, но Андреа Ањели и неговите соработници успеаја да го доведат португалскиот ас. Сега мисијата е уште поголема, да биде доведен и Лео Меси, да биде формиран најголемиот тандем во историјата на фудбалската игра, ѕвездите кои заедно имаат освоено 11 „Златни топки“.

Евентуалниот трансфер на Лионел Меси би тежел околу 450 милиони евра, отштета за Барселона плус годишна плата за Аргентинецот, но секако дека тука би се создал и голем профит во делот на маркетингот, продаќбата на дресови и останати проозводи со ликот и потписот на асот на Барселона.

Покрај Јувентус, во играта е и Интер од италијанските калчолигаши, а атмосферата ја вжешти таткото на Меси кој купи стан во Милано. Секако, на евентуелниот ангажман на Меси работат и Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, па дури и Челси.

Се вчитува...