Јуве уште должи трактори од трансферот на Кеан

Моизе Кеан е новата ѕвезда во подем на италијанскиот фудбал, откако младиот голгетер добива се поголема минутажа во Јувентус, а неодамна дебитираше со гол и во дресот на „аѕурите“, постигнувајќи го голот за 2-0 во победата над Финска на почетокот на квалификациите за ЕВРО 2020.

Јуве има нов „бисер“ во своите редови, но таткото на 19-годишниот Кеан се пожали дека управата не го испочитувала договорот со него, бидејќи му ветила трактори што никогаш не ги добил.

Моизе навиваше за Интер како дете, многу го сакаше Обафеми Мартинс и ме молеше да му купам негов дрес. Како мало дете играше за Торино, но јас го испратив во Јувентус бидејќи сум фан на „бјанконерите“. Сега имам проблем со Јувентус, не ми даваат ниту билети за натпреварите бидејќи во меѓувреме се разведов од сопругата. А таа сакаше да го одведе Моизе Кејн во Англија, јас се договорив да го задржам во Италија, за возврат побарав два трактори. Ми рекоа дека нема да биде проблем, но никогаш не ги добив тракторите“ – открива таткото на Моизе, Биору Жан Кеан.

Се вчитува...