Јувентус без милост за бледата Барселона

Барселона повторно ќе се соочи со претежок предизвик во Лигата на шампионите, откако каталонскиот гигант загуби со убедливи 3-0 на гостувањето во Јувентус во четвртфиналето од елитното европско натпреварување. Многу слично на последното гостување против ПСЖ (4-0), каталонците повторно одиграа далеку под своите можности, му дозволија на противникот да доминира, а со слабата одбрана му овозможија на Јувентус со огромни три гола предност да патува на реваншот на „Камп ноу“.

Пауло Дибала беше клучна фигура на овој натпревар, откако младиот Аргентинецот целосно го остави во сенка својот сонародник Лионел Меси. Офанзивецот на Јувентус уште во првите дваесетина минути постигна два гола и ја најави големата победа на „старата дама“, со која Јуве му се одмазди на каталонскиот гигант за поразот во финалето од ЛШ пред две сезони.

Конечните 3-0 во второто полувреме ги постави Кјелини, а резултатот можеше да биде уште поубедлив доколку Игуаин искористеше барем една од неколкуте шанси во кои се најде. Барса ја презеде контролата во последните дваесетина минути откако Јувентус се повлече и реши да ја брани предноста, а најубавата шанса ја промаши Суарез, кој на додавање на Меси од одлична ситуација шутираше крај голот на Буфон.

Барселона со невозможна мисија го елиминираше ПСЖ, но сега иако има гол помалку за надополнување, предизвикот ќе биде уште поголем.

Paulo Dybala Goal HD – Juventus 1-0 Barcelona… by jackeddine

Paulo Dybala second Goal HD Juventus 2 0… by HdGoal

Giorgio Chiellini Goal HD – Juventus 3-0… by LiveFootball28

Се вчитува...