Јувентус без Пауло Дибала против Лион

Италијанскиот шампион Јувентус ќе биде значително ослабен за реванш дуелот против Олимпик Лион во Лигата на шампионите, бидејќи ќе биде без услугите на Пауло Дибала.

Одличниот Аргентинец има проблеми со мускулите уште од мечот против Сампдорија кој се одигра пред 10 дена и поради тоа нема да му биде на услуга на Маурицио Сари. Место него во тимот најверојатно ќе се најде Колумбиецот Хуан Квадрадо.

Првиот натпревар кој се одигра во Лион пред паузата предизвикана од пандемијата од коронавирусот, домаќините ја добија со минимални 1-0.

Се вчитува...