Јувентус договори нов голман, тоа не е Емилијано Мартинез

Јувентус конечно ја заврши потрагата по нов голман, и тоа со ангажман на изненадувачко име – Гилјермо Викарио од Тотенхем ќе биде новиот стартен чувар на мрежата на „старата дама“.

Најтрофејниот италијански клуб на почетокот од летово имаше неуспешен обид да дојде до Алисон Бекер, потоа се интересирашше и за Зион Сузуки, а најголема шанса да дојде меѓу „црно-белите“ му се даваше на Емилијано Мартинез, особено откако Сузуки го договори својот трансфер во Астон Вила.

Сепак, Вила не отстапи од отштетата од 10 милиони евра, по што Јувентус го насочи вниманието кон Викарио и експресно ги договори деталите со Тотенхем. Викарио пристигнува на едногодишна позајмица, а „старата дама“ ќе има клаузула што не е задолжителна, доколку Спалети е задоволен следното лето да го откупи неговиот договор за 10 милиони евра.

Викарио вечерва пристигна во Италија, а во текот на утрешниот ден по лекарските прегледи ќе следи и потписот на договорот со „старата дама“, по што тој ќе биде во комбинација веќе за стартот на новата сезона во Калчо-лигата закажан за 23 август.

Се вчитува...