Италијанскиот шампион е подготвен да ги урне сите рекорди кога е во прашање сумата за еден фудбалер и следното лето да го доведе францускиот репрезентативец Килијан Мбапе во своите редови. Од „старата дама“ се подготвени на Пари Сен Жермен да му исплатат 400 милиони евра за услугите на Килијан Мбапе.
Доколку се случи трансферот Мбапе ќе биде најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Сепак, нема да биде лесно за тимот од Торино, бидејќи во трката за неговиот потпис ќе се вклучи и Реал Мадрид, а Флорентино Перез кога сака да доведе некој фудбалер се знае дека парите се најмал проблем.
Што и да се случи само едно е сигурно дека Мбапе на крајот на сезоната го напушта ПСЖ, а само прашање е кој клуб ќе понуди најголема сума со што и официјално Французинот ќе стане најскап трансфер во историјата на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА