Јувентус го купува Киеза за 70 милиони евра?

Италијанскиот првак Јувентус изминатиов викенд ги освои бодовите на „Артемио Франки“ победувајќи ја Фиорентина со 0-3, а можеби и договори големо засилување за следната сезона. Младиот напаѓач на „виолетовите“, Федерико Киеза, е желбата на тренерот Масимилијано Алегри и би можел да пристигне во Торино за сума од 70 милиони евра.

Доколку се оствари овој трансфер, Киеза ќе стане фудбалер што би донел најголема заработка во историјата на Фиорентина. Интересно е дека пред 20 години, неговиот татко Енрико Киеза беше најскапото засилување за клубот од Фиренца.

Федерико Киеза е стандарден италијански репрезентативец, а оваа сезона постигна два гола и забележа пет асистенции на 14 натпревари во Серија А.

Се вчитува...