Јувентус го носи Џеко како замена за Игуаин

Един Џеко е желбата на Јувентус за претстојниот преоден рок, откако „старата дама“ решила да направи рокада во навалната линија по најавеното заминување на Гонзало Игуаин. Аргентинецот важеше за миленик на тренерот Сари, но сезонава играше премногу променливо, згора на тоа и неколку пати го одлагаше враќањето од Аргентина за почеток на тренинзи, со што дополнително ја налути управата на Јувентус.

Како опции за негов наследник се споменуваа Хименез од Вулверхемптон и Милик од Наполи, но и двајцата вредат над 50 милиони евра, сума што Јуве нема намера да ја плати за третата опција во нападот (по Роналдо и Дибала). Во една таква ситуација Џеко делува како идеална ситуација, а фактот дека голгетерот од БиХ е достапен за околу 15 милиони евра го прави уште попривлечен за најтрофејниот италијански клуб.

Весникот „Тутоспорт“, кој важи за најупатен во трансфер-плановите на Јувентус, објави дека токму тренерот Сари го побарал Џеко како идеален наследник за  Игуаин, а директорот Паратичи ги почнал разговорите со челниците на Рома. Босанецот во последните неколку години беше поврзуван со Интер и со Милан, но доколку се остварат последните најави тој на крајот ќе заврши во црно-белиот дрес на Јуве.

Се вчитува...