Јувентус го откупи Бенатија од Баерн Минхен

Мехди Бенатија ќе продолжи да го носи дресот на Јувентус и во иднина откако италијанскиот првак целосно го откупи неговиот договор со Баерн Минхен. Преговорите меѓу двата европски гиганти вродија со плод откако „старата дама“ се согласи да плати 17 милиони евра, колку што бараше баварскиот гигант, по што Бенатија потпиша перманентен договор со тимот на Масимилијано Алегри до 2020 година.

Пресреќен сум, од првиот ден кога стигнав овде сакав да останам уште долго. Не сакав да се вратам во Баерн, ниту пак размислував за некој друг клуб, токму затоа овој ден е посебен за мене“ – изјави Бенатија.

Мароканецот не е најстандарден во одбранбената линија во која Алегри го ротира заедно со Бонучи, Кјелини, Барзалји и со младиот Ругани, но со самата сума што Јувентус се согласи да ја плати јасно е дека Бенатија е сериозен дел од плановите на стручниот штаб на „старата дама“ за следната сезона.

Се вчитува...