Јувентус го потврди потписот со напаѓачот висок два метри, Фиорентина донесе две засилувања

На 20 минути пред да биде затворен преодниот рок во Италија, Јувентус го потврди потписот со германскиот напаѓач Ник Волтермаде.
Волтермаде кој минатата година во трансфер вреден 75 милиони евра, од Штутгарт се пресели во Њукасл, оваа сезона ќе игра во друга Серија А, откако Јувентус и премиерлигашот се договорија за едногодишна позајмица.
Њукасл за позајмицата ќе заработи четири милиони евра.

Позајмицата на Волтермаде веќе е регистрирана во Серија А и два метри високиот Германец ќе треба да претставува замена за напаѓачите кои веќе го напуштија Торино, Душан Влаховиќ и Џонатан Дејвид.

И Фиорентина беше активна во последните моменти од преодниот рок регистрирајќи две засилувања.
Откако го загубија Мојзе Кен, „Виолетовите“ реагираа експресно и за 18 милиони евра го ангажираа Бето од Евертон, а вечерва го претставија и Педро Гонсалвеш кој доаѓа на едногодишна позајмица од Спортинг.

Се вчитува...