Јувентус го продава Дибала, за да ги купи Киеза и Заниоло

Италијанскиот првак Јувентус планира делумна реконструкција на тимот во летниот преоден рок. Раководството планира да го продаде аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала, а сака да ги доведе младите италијански фудбалери Федерико Киеза од Фиорентина и Николо Заниоло од Рома.

„Старата дама“ смета дека може да заработи околу 100 милиони евра од Дибала. За него има огромен број заинтересирани клубови, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Челси, Атлетико Мадрид, и тој речиси сигурно ќе биде продаден.

Заработката веднаш ќе биде вложена во нови засилувања. Киеза на пазарот вреди околу 70 милиони евра, а Јувентус за Заниоло е подготен да понуди 40 милиони евра.

Од Торино речиси сигурно ќе си замине и фудбалерот за врска Даглас Коста.

Се вчитува...