Јувентус го продолжува договорот на Де Лихт, гледа во него како иден капитен на тимот

Јувентус е блиску до продолжување на договорот со стоперот Матијас Де Лихт. Торинскиот клуб во 22-годишниот играч од обраната гледа како иднина, и како иден капитен на тимот. После заминувањето на Џорџо Кјелини, Јувентус нема да ризикува и со Холанѓанецот ќе ја продолжи соработката. Тој заедно со Леонардо Бонучи, ќе треба да го понесат товарот во дефанзивата во идната сезона.

Де Лихт би требало да го продолжи договорот до 2026 година. Преговорите се во завршна фаза, и останува само потписот. Младиот топер стигна во Торино од Ајакс за 75 милиони евра, а во последно време се споменуваше Манчестер Јунајтед како негова можна следна дестинација, благодарение на Ерик Тен Хаг со кого Де Лихт успешно соработуваше.

Покрај Бонучи и Де Лихт, Јувентус го има и Мерих Демирал кој е позајмен во Аталанта, но има клаузула дека може да потпише перманентен договор со тимот од Бергамо.

Се вчитува...