Масимилијано Алегри се поизвесно на лето ја напушта клупата на Јувентус носен од желбата да ја проба својата среќа во Премиер лигата.
Па, веќе се спомнуваат неколку кандидати кои би можеле да бидат негова замена. И покрај тоа што досега се шпекулираше со Зинедин Зидан, сега веќе како прво име се потенцира актуелниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп кој и во минатото беше на „радарот“ на челниците на италијанскиот клуб.
Клоп е во Ливерпул од ноември 2015 година и уште не успеал со „црвените“ да ја освои титулата во Премиер лигата. Сезонава има голема шанса, па со шампионска круна потоа би се преселил и на Апенините.
Клоп досега со Ливерпул има 105 победи од 192 натпревари, а доживеал само 36 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА