Шампионот на Италија, Јувентус е подготвен да ја направи најголемата размена во историјата на фудбалот. Планот на „старата дама“ е да го испрати Кристијано Роналдо во Пари Сен Жермен, а на негово место во Торино да дојде Нејмар.
Тоа што е заедничко е дека и на двајцата фудбалери им истекува договорот во јуни 2022 година, а следното лето ќе биде вистинскиот момент да ја променат средината. Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба нема да загубат многу бидејќи и платите на Нејмар и Роналдо се слични. Сепак, Јувентус ќе мора да доплати за Нејмар бидејќи е далеку помлад од Португалецот.
Доколку дојде до договор меѓу двата клуба ова ќе биде дефинитивно најголемата размена на фудбалери во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА