Јувентус, и со два играчи повеќе, во 95. минута извлече реми со Болоња (ВИДЕО)

Јувентус успеа да се спаси од пораз со гол во 95. минута за конечни 1-1 против Болоња во 33. коло од Серија А,

„Старата дама“ посакуваше победа со која би останала со какви-такви шанси за надеж за титулата, но Болоња успеа да ги шокира, иако на крај може и да бидат задоволни со бодот освоен во последните секунди.

Арнаутовиќ во 52. минута беше стрелец на водечкиот погодок за Болоња, а Влаховиќ во 95. минута успеа да постигна гол за да се избегне поразот.

Болоња последните десет минути ги играше и со двајца фудбалери помалку, откако во 84. минута беше исклучен Суоуморо а неколку секунди потоа поради неспортско однесување и Медел доби втор жолт картон и исклучување.

Се вчитува...