Јувентус од почетокот на овој преоден рок е во потрага по нов голман откако Спалети јасно стави до знаење дека не е најзадоволен од Ди Грегорио, а по неуспешните преговори за Алисон Бекер од Ливерпул, потоа и за Емилијано Мартинез од Астон Вила, се чини дека „црно-белите“ конечно направија чекор напред за решение на овој проблем.
Јапонскиот репрезентативец Сузуки е идеалното решение за „старата дама“, одличниот голман како член на Парма е добро запознаен со случувањата во Калчо-лигата, Јуве се обиде и да го откупи неговиот договор, но на крајот ја загуби трката со ПСЖ. Позитивно за „старата дама“ е што во ПСЖ не сметаат сериозно на Сузуки во наредниот период, туку по платените 35 милиони евра се подготвени да го пуштат на едногодишна позајмица, во тим каде што Јапонецот би бранел стандардно.
Италијанските и француските медиуми тврдат дека Јуве е лидер во оваа трка, разговорите меѓу клубовите се веќе стартувани и чека Сузуки најпрвин да го комплетира трансферот во ПСЖ, за потоа да се финишира и позајмицата во редовите на најтрофејниот италијански клуб.
Ова делува како идеално решение, со оглед на фактот дека „црно-белите“ не се откажуваат од намерата да го доведат Алисон Бекер, Бразилецот сакаше да дојде и летово, но тој догодина ќе биде слободен играч и ќе може да го засили Јуве без отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
