Јувентус има план за спас, но Санчез ќе мора да се согласи на помала плата

Во Јувентус веруваат дека би можеле да го вратат Алексис Санчез во најдобра форма, го размислуваат како потенцијален трнасфер за претстојното лето, но Чилеанецот ќе мора да се согласи на намалување на платата. Тој сега зема 500.000 фунти неделно во Манчестер Јунајтед , но со формата никоко не ја оправдува оваа сума.

Јасно е дека Јунајтед сака да да ослободи значаен дел од буџетот со тоа што ќе го продаде Санчез, но висината на неговата плата прави проблем за евентуален трансфер, па веројатно ќе треба да оди на позајмица. Од Јунајтед се свесни дека во тој случај ќе треба да му исплаќаат дел од платата, опција што му одговара на Јувентус за да доведе уште еден врвен напаѓач крај Кристијано Роналдо.

Санчез во моментов не е во тимот на Оле Гунар Солскјер поради повреда на коленото.

Се вчитува...