Јувентус ја најде замената за Де Лихт и ги поремети плановите на Манчестер Сити

Холандскиот стопер Матијас де Лихт само формалности го делат од потпис со Баерн Минхен па во Торино веќе погледите се насочени кон неговата замена. На списокот на Алегри има неколку фудбалери, но изборот паднал на Пау Торес, пренесуваат италијанските медиуми.

Дваесетипетгодишниот Шпанец во последните сезони се наметна како еден од најдобрите на својата позиција па гo примами погледот на повеќе европски гиганти меѓу кои е и Манчестер Сити па јасно е дека „старата дама“ нема да има лесна задача за реализирање на трансферот.

Истиот се проценува помеѓу 50 и 55 милиони евра кои Јувентус ќе ги има на располагање по официјалното заминување на Де Лихт за кое Германците ќе „искрешираат“ над 80 милиони евра.

Се вчитува...