Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез е се подалеку од трансфер во Јувентус. Според информациите, тимот од Торино ги прекина преговорите со Астон Вила за 33-годишниот голман, семтајќи дека барањата на клубот од Бирмингем се превисоки.
Пред неколку дена и самиот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети најави дека Мартинез изразил желба да се пресели во Торино, но очигледно дека тимот не е подготвен да даде толку пари за 33-годишниот Аргентинец.
Сега Јувентус се врти кон нови решенија. Еден од нив е голманот Гилермо Викаријо од Тотенхем, а најново име на листата е голманот на ПСЖ, Лука Шевалие. Шевалие минатата сезона дојде во Париз како замена за Донарума, но во меѓувреме го загуби првотимскиот статус од Сафонов, па сега Јуве се обидува да го искористи ова и да го донесе во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
