Поранешниот италијански репрезентативец, Џанлука Замброта, смета дека управата на Јувентус направи голема грешка што го пушти да си оди Душан Влаховиќ.
Влаховиќ неколку месеци преговараше со управата на Старата дама која бараше напаѓачот да преполови платата од 12 милиони евра, што тој го одби тој предлог и пред крајот на летниот преоден рок потпиша за Бешикташ за годишна плата од 10 милиони евра.
Како замена за Влаховиќ, Јувентус ги ангажира Ник Волтермаде од Њукасл на едногодишна позајмица и Рандал Коло Муани за кого плати 40 милиони евра.
Но, Замброта не верува премногу во новите засилувања.
„Коло Муани и Волтермаде во 2026 година заедно дадоа пет гола и не зборуваме за било кој клуб туку за Јувентус. Кога бидов дека нивната вредност е поголема од 100 милиони евра ме замисли. Секој што ќе потпише за Јувентус, Милан или Интер се наоѓа пред притисок уште пред да пристигне во овие екипи. Доколку јас бев дел од управата на Јувентус, ќе ги исполнев барањата на Влаховиќ. Отсекогаш сум го гледал како вистинска деветка“ смета Замброта.
Јувентус утре го очекува дерби пресметката против Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
