Јувентус на лето го купува Кутињо?

Италијанскиот првак Јувентус во летниот преоден рок ќе се обиде да се засили со Фелипе Кутињо. Бразилецот не ја добива потребната минутажа на „Камп Ноу“, а беше доведен како огромно засилување во Барселона. Можно е да си замине по само една сезона, а раководството на „старата дама“ ја разгледува опцијата да го доведе во Торино.

Тренерот на каталонскиот тим Ернесто Валверде има се помала доверба во Кутињо, а Јувентус го посакува како замена за Пауло Дибала. Аргентинскиот интернационалец е пред заминување, за него се интересираат Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, а Фелипе Кутињо би бил одлична замена.

Се вчитува...