Јувентус прекина традиција долга 123 години

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло со изборот на екипата за дуелот со Ференцварош во Лигата на шампионите урна традиција долга повеќе од еден век. Тој на теренот првпат по 123 години не испрати дефанзивец или голман кој е Италијанец.

Новинарите на Апенините пресметаа дека ова последен пат се случило пред точно 4371 меч. Меѓу стативите беше Војчех Шчесни, на бековските позиции Квадрадо и Алекс Сандро додека на централните бековски Данило и Матајс Де Лихт.

Поради повреда на теренот не беа, Џанлуиџи Буфон, Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини. Единствен Италијанец во стартните 11 беше Федерико Бернардески, а нешто подоцна во игра влегоа и Киеза, Пинсолио и Портанова.

Се вчитува...